Гостивар
Комеморативен собир во Гостивар во спомен на резервистите Даил и Александар

Во чест и се сеќавање на трагичното загинатите полициски резервисти, Даил Јанкоски и Александар Николиќ, во Гостивар утрово се организираше комеморативен собир со положување цвеќе. Собирот во нивна слава се одржа на влезот во гостиварската населба Циглана, на местото кадешто беа убиени пред дваесет и една година во присуство на семејствата, родини, пријатели, колеги, претставници на политички партии.
Од страна на светшеници на гостиварското архиерејско намесништво беше одржана панихида, а присутните запалија свеќи и со минута молчење им оддадоа почит на хероите.
Букети цвеќе положија делегации на ОВР Гостивар, синдикатот на полицијата, Здружението на бранители, граѓани, ОК на ВМРО ДПМНЕ и ОО на СДСМ.
Гостиварците Јанкоски и Николиќ, беа убиени на должност на полициски пункт на влезот од населбата Циглана во 2002 година на 26 август еден часот по полноќ. На нив пукале непознати лица со автоматски пушки од возило во движење со странски регистарски таблички.
На местото на трагедијата во чест на загинатите резервисти во 2012 година беше поставена спомен плоча.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар