Поврзи се со нас

Колумни

Коментар: Сончогледот, смоките, мобилниот и уметноста

Објавено

на

Не треба да си некој генијалец за да утврдиш дека тие три работи наведени во насловот, не одат заедно. Но, некои луѓе сакаат да ги туркаат. Овој текст им е посветен ним, да научат – ако до сега не им било јасно, или да ги потсетиме – ако заборавиле: односот кон културата, сцената и уметниците треба да биде полн со почит, а не со грицкање сончоглед, шушкање со кеси смоки, дофрлување и зборување на мобилен телефон.

Изминатиот период во Центарот за култура во Гостивар се одржаа повеќе културни настани. За нивните создавачи и организатори, многу е убаво и вредно кога салата не зјае празна и има пред кого да го претстават тоа што го сработиле. Да, но на што уметниците да се радуваат, кога некултурата на публиката е жална и срамна?!. На претстава, на пример подготвувана со месеци е вложено труд, време, креативност, љубов, посветеност…а вие доаѓате да грицкате семки и сончоглед? На сеир доаѓате или во театар? И баш така, транспарентно, да се знае, оставате зад вас еден куп лушпи по подот, меѓу седиштата кои би требало да бидат еден вид свето место, привилегирано. Резервирано за такви кои ќе и се поклонуваат на уметноста и ќе умеат да ја ценат нејзината вредност.А за ѕврцкањето на мобилниот телефон за време на настан, што да се каже? Мизерија. Секако може да издржите еден час без мобилен. Обидете се. Ако навистина не можете, не сте за во театар, не сте за во кино, не сте за на изложба…Не се терајте со сила, барем нема да им пречите на другите, оние кои се дојдени да уживаат и сакаат со внимание да го проследат настанот.

Родителите, ако веќе ги пуштаат децата во публика, редно е да ги посоветуваат  на примерно однесување, на Бон тон. Кога вашето дете среде настан станува од столче и вика по другарчето седнато три реда погоре, тоа е исто како вие да го правите тоа. Срамота е, нели?

Уште еден феномен што го „краси“ Гостивар: доцнењето. На настан што е закажан во 19 часот, публиката се влече еден по еден, баш тогаш. Па одбира место, па станува да се поздрави со некој, па се немаат видено одамна и разврзуваат маубет среде сала. Се доцни и по половина час. А знаете ли дека во светските сали, оперски куќи и театри, вратите за влез се затвораат во времето кога е закажан почетокот. Кој дошол, дошол. Тие што доцнат, ќе се вратат дома или ќе чекаат пауза (доколку настанот официјално ја има) и ќе влезат тогаш.

На крај мислевме да ја оцениме гостиварската публика на скала од 1 до 5. Но, некако при завршување на школската година не ни се даваат двојки, па ќе ја оставиме графата за оценка празна. За публиката како шанса, за уметниците како надеж.

П.С. Фотографиите, сосема соодветни на темата, ни ги испрати наш читател.

 

                                   Gostivarpress.mk

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена