Поврзи се со нас

Македонија

Комисии ќе утврдуваат дали имало препишување на државната матура

Објавено

на

    Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии – за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето.

    Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и во минатите години, е веќе формирана и ќе подготви извештај врз чија основа ќе биде одлучено на кои ученици поради нерегуларности ќе им биде поништен испитот.

    Покрај тоа, првпат ќе се формираат и комисии за секој од 10-те наставни предмети што се полагаат на државната матура, чија задача ќе биде да ги оценуваат самите тестови односно да откријат преписи т.е. идентични делови во тестовите како докази за препишување.

    Тоа е одлучено на денешниот стручен колегиум на Државниот испитен центар меѓу директорката и раководителите во ДИЦ.

    Директорката Билјана Михајловска за МИА изјави дека донеле одлука за неколку чекори што ќе ги направат веднаш или во текот на процесот на оценување односно до завршување на јунскиот рок од матурата и објавувањето на резултатите.

    Како што рече, комисија врз основа на докази што постојат донесува предлог за поништување на испитот за конкретни ученици што ги прекршиле правилата, меѓу кои е користењето мобилен телефон.

    „Прво, формираме комисија составена од вработени во ДИЦ која ќе констатира поништување на испитот врз основа на прекршување на правилата во текот на испитот. Комисијата ги разгледува протоколите, заклучува дека одреден тестатор отстранил некој ученик поради прекршувања на правилата. Тој запишува во извештај и врз основа на тоа, носиме одлука дека оваа комисија предлага поништување на испитот“, рече Михајловска.

    Посочи дека ваква комисија има секоја година, но овојпат, рече, ќе  се формираат и одделни комисии за секој од десетте наставни предмети што се полагаат на државната матура. Нивна задача ќе биде да констатираат поништување на испитот врз основа на оценувањето. Во извештај што ќе му биде доставен на ДИЦ ќе биде наведено што сè се поништува од наставниот предмет, што ќе биде откриено од оценувачите, односно доколку оценувачот констатира препис на кој било начин.

    -Во Правилникот има три мерки на кои оценувачот треба да реагира – откривање на идентитетот со запишување на името, втората мерка е ако открие два текста или делови од текстови и третата мерка е ако констатира електронски помагала. Кога тоа ќе го констатира оценувачот, ќе го достави до комисијата којашто е надлежна за тој наставен предмет. Сите оценувачи кога ќе ги соберат своите конкретни докази, таа комисија прави извештај во кој констатира дека на сите тие ученици т.е. баркодовите на тестовите, треба да се поништи испитот затоа што со доказ е констатиран препис. Ова и претходно го правеа оценувачите и беше само нивна констатација, но сега дополнително ќе има комисија која ќе ги проверува доказите што ги доставува оценувачот, појасни Михајловска.

    Ќе се разгледува и вибер-групата во која беше споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата. Како што рече директорката, текст од таа вибер-група, како и кој било друг текст што ќе го најдат во некоја вибер-група, ќе им бидат дадени на оценувачите.

    -Врз основа на тоа што е споделено во групата, како и од други извори на интернет, оценувачите може да констатираат препис од електронски уред. Сите десет комисии ќе констатираат за секој предмет поединечно, додаде Михајловска.

    Таа соопшти дека до МОН ќе предложат новата Влада во иднина да најде начин за обезбедување  блокатори на сигнали за мобилни телефони, а исто така ќе апелира на тестаторите да им се плаќа за учество во матурата, како што стои и во неусвоениот нов закон за средно образование. Смета дека со некој вид награда/надомест, тестаторите ќе бидат помотивирани за нивниот ангажман во државната матура.

    „Во целата оваа ситуација забораваме дека 2000 луѓе си ја завршија одлично работата – и тие што организираа во училиштата, и тие што беа тестатори. Ако некои двајца-тројца ги прекршиле правилата, не треба да го анулираме трудот на сите други“, истакна Михајловска.

    Во саботата матурантите го полагаа задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, за кој беа пријавени  10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

    Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 4 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 6 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 8 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 9 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 10 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 11 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 13 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 14 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 6 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 7 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена