Вообичаениот почеток на новата учебна година, на први септември годинава изостана. Учениците добија уште еден месец летен распуст, а на учењето ќе му се вратат на 1 октомври. Владата веќе донесе одлука наставата да се одвива онлајн, освен за децата од 1 до 3 одделение и во училиштата кадешто има услови за да се спроведат протоколите за настава со физичко присуство.
Новата министерка за образование вчера, Мила Царовска на првиот работен ден оствари средби со средношколци и родители,околу стартот на учебната година.
„Врвен приоритет е започнувањето на училишната година на први октомври, за што како Влада нудиме комбиниран модел за настава. Во училиштата каде се исполнети условите од протоколите, наставата може да почне со физичко присуство, а таму каде нема услови, часовите ќе се следат онлајн. За овој, но и за другите предизвици во образованието, разговарав на два состанока, едниот со средношколците, а другиот со родителите. Учениците, наставниците и родителите ќе бидат наши постојани и рамноправни партнери во сите реформски процеси.“, изјави министерката.
Дали и во кои училишта има услови за децата да се вратат во клупите според протоколот, ќе одлучува комисија, посебно формирана за таа намена. Во објектите коишто не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе започне онлајн, за што се подготовува на единствена национална онлајн платформа.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK