Поврзи се со нас

Гостивар

Компании од Словачка разгледуваат можност за инвестиции во Гостивар

Објавено

на

Претставници од компании од Словачка кои делуваат во областа на „смарт“ технологијата денес беа во посета на општина Гостивар за да ги разгледуваат можностите за инвестиции и соработка. Претставниците од фирмите, заедно со бившиот амбасадор на Словачка, Роберт Кирнак кој важи за голем пријател и лобист за Гостивар, остварија средба со градоначалникот Арбен Таравари.

„Ова е средба на која се разговара за можности за развивање заедничка соработка за реализација на проекти од енергетиката во правец на „смарт сити“. Заедно разговаравме за можностите за примена на интелигентни технологии во областа на јавното осветлување и инсталирањето на иновативни електрични полначи во Општина Гостивар. Општина Гостивар во изминатиов период имаше вакви инвестиции со свои средства и има капацитет за вакви иновативни технологии.“, рече градоначалникот.

Кирнак изрази пофални зборови за Гостивар и изрази надеж за соработка. „Тука сме со напредни компании кои нудат комплексни, интелигенти, паметни решенија за струја, осветлување, дополнувачи на електрични автовмобили. Сакаме да размислуваме што би можеле заедно да правиме. Знаеме дека Гостивар во неколку области е лидер меѓу градовите во Северна Македонија. Оваа електронизација и на автомобили и штедењето, е иднина и ако сега почнеме можеме да бидеме лидери заедни и во оваа област.“, нагласи Кирнак.

Доколку официјално се воспостави соработка меѓу гостиварската општина и компаниите кои денес беа во посета, ќе може да се користат пари од Словачкиот фонд за предизвици, кој поддржува проекти со вредност од 20 до 40 илјади евра.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 45 минути

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 15 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 16 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 18 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 19 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 20 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена