Занимливости
Компанија нуди свадби во вселената

Џејн Појнтер е една од основачите на компанијата за вселенски патувања, „Спејс перспектив“ (Space Perspective), и сака таа да биде првата што ќе понуди можност за венчавки во вселената.
„Веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а свадбите ќе се изведуваат на вселенското летало „Нептун“. Има двојки кои сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа“, рече Појнтер за „Кул даун“ (The Cool Down).
„Нептун“ е одржливо и безбедно летало за на или над планетата Земја. Се состои од „Вселенски балон“, „Резервен основен систем“ и „Капсулата Нептун“.
За разлика од другите вселенски бродови каде што делот со екипажот се одвојува од другите делови при летот, капсулата тука останува поврзана со „Вселенскиот балон“ во текот на целиот лет, од полетувањето до слетувањето, со што нуди безбеден и удобен лет.
„Спејс перспектив“ сака да овозможи вселенско патување за што повеќе луѓе.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение