Вести
Компанијата „ПРОГРЕС 98“ прослави 30 години постоење
Тридецениската успешна бизнис приказна, компанијата „ПРОГРЕС 98“ од Гостивар ја прослави со пригодна свеченост и доделување на благодарници и пригодни подароци на свои вработени, партнери и гости.
„ПРОГРЕС 98“ заедно со своите вработени оваа година гордо го прославува својот 30 годишен јубилеј, со богата референтна листа зад себе, задоволни клиенти и вредни и посветени вработени. Докажаниот квалитет и позитивните препораки се причина компанијата да биде се повеќе ангажирана во клучни проекти од градежништвото ширум Репубика Македонија.
Фирмата е формирана во 1988 година како договорна организација на здружен труд, ВРВ КОМЕРЦ – ГОСТИВАР, со дејност нискоградба и завршни работи во градежништвото. Од своето формирање, друштвото систематски се развива и проширува. Во текот на 1995 година, добива одобрение за истраги за отворање на сопствен каменолом. По инсталирањето на опремата, каменоломот е отворен 1998 година, додека компанијата се преименува во ПРОГРЕС 98 ДООЕЛ ГОСТИВАР и започнува со производство на варовнички агрегати за асфалт и бетон како и тампонски материјал. Во текот на своето работење, постојано се надоградува со набавка на најсовремена опрема и механизација, проследено со вработување на стручен технички, инженерски кадар и квалификувани работници, а е дополнето со користење на консултантски услуги од надворешни реномирани компании и експерти. Во 2007 година со набавка на асфалтна база заокружен е целиот процес на производство на материјали за изградба на патишта.
„Денес располагаме со сопствен каменолом опремен со две сепарации за производство на тампонски материјал и фракции за асфалт и бетон со вкупен капацитет од 600 M³/ДЕН. Во склоп на каменоломот поставена е асфалтна база од типот “MARINI” со капацитет од 75 T/Ч со која се произведуваат сите типови на асфалти. Производството е поткрепено со сертификати и А-тести за квалитет и употребливост и комплетно е контролирано од сопствена лабараторија. Компанијата располага со најсовремена механизација за подготвителни работи од долен слој, работи на горен слој и вградување на асфалтни слоеви. Располага со одделение за минирање, сопствена теренска лабараторија, квалификуван инженерски кадар за изведба на патишта, геодетско и проектантско одделение со што комплетно е покриен целиот процес на проектирање, изградба на патишта и контрола на квалитет. Имаме имплементирано интегриран систем за управување со стандарди, а поседуваме и сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство.“, рече Александар Наумоски, извршен директор на ПРОГРЕС 98.
Воедно, им се заблагодари на сите вработени за професионалниот пристап и залагањето за напредок на компанијата.
Пред присутните се обрати и сопственикот на ПРОГРЕС 98, Бобан Трифуноски, кој им се заблагодари на семејството, на сите вработени, деловни парнери, пријатели за нивниот придонес, лојалност и посветеност за развојот на компанијата.
„Огромно е задоволството да се доживее и прослави овој јубилеј, а уште поголемо задоволство е да се доживеаат два јубилеја. Триесет години од основањето на нашата прва приватна фирма во 1998 и дваесет години од отварањето на рудникот за варовничка дробина во август 1998. Сето ова не ќе можеше да се оствари без поддршката на моето семејство и залагањето на вработените за извршување на задачите. Овој двоен јубилеј ми дава за право да се радувам, гордеам и реализирам желбата за уште многу вакви свечени моменти. Се надевам наредниот јубилеј од 40 години ќе го прославиме во истиот состав“, рече Трифуноски.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди