Поврзи се со нас

Репортажи

Компанијата „ПРОГРЕС 98“ прослави 30 години постоење

Објавено

на

Тридецениската успешна бизнис приказна, компанијата „ПРОГРЕС 98“ од Гостивар ја прослави со пригодна свеченост и доделување на благодарници и пригодни подароци на свои вработени, партнери и гости.

„ПРОГРЕС 98“ заедно со своите вработени оваа година гордо го прославува својот 30 годишен јубилеј, со богата референтна листа зад себе, задоволни клиенти и вредни и посветени вработени. Докажаниот квалитет и позитивните препораки се причина компанијата да биде се повеќе ангажирана во клучни проекти од градежништвото ширум Репубика Македонија.

Фирмата е формирана во 1988 година како договорна организација на здружен труд, ВРВ КОМЕРЦ – ГОСТИВАР, со дејност нискоградба и завршни работи во градежништвото. Од своето формирање, друштвото систематски се развива и проширува. Во текот на 1995 година, добива одобрение за истраги за отворање на сопствен каменолом. По инсталирањето на опремата, каменоломот е отворен 1998 година, додека компанијата се преименува во  ПРОГРЕС 98 ДООЕЛ ГОСТИВАР и започнува со производство на варовнички агрегати за асфалт и бетон како и тампонски материјал. Во текот на своето работење, постојано се надоградува со набавка на најсовремена опрема и механизација, проследено со вработување на стручен технички, инженерски кадар и квалификувани работници, а е дополнето со користење на консултантски услуги од надворешни реномирани компании и експерти. Во 2007 година со набавка на асфалтна база заокружен е целиот процес на производство на материјали за изградба на патишта.

„Денес располагаме со сопствен каменолом опремен со две сепарации за производство на тампонски материјал и фракции за асфалт и бетон со вкупен капацитет од 600 M³/ДЕН. Во склоп на каменоломот поставена е асфалтна база од типот “MARINI” со капацитет од 75 T/Ч со која се произведуваат сите типови на асфалти. Производството е поткрепено со сертификати и А-тести за квалитет и употребливост и комплетно е контролирано од сопствена лабараторија. Компанијата располага со најсовремена механизација за подготвителни работи од долен слој, работи на горен слој и вградување на асфалтни слоеви. Располага со одделение за минирање, сопствена теренска лабараторија, квалификуван инженерски кадар за изведба на патишта, геодетско и проектантско одделение со што комплетно е покриен целиот процес на проектирање, изградба на патишта и контрола на квалитет. Имаме имплементирано интегриран систем за управување со стандарди, а поседуваме и сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство.“, рече Александар Наумоски, извршен директор на ПРОГРЕС 98.

Воедно, им се заблагодари на сите вработени за професионалниот пристап и залагањето за напредок на компанијата.

Пред присутните се обрати и сопственикот на ПРОГРЕС 98, Бобан Трифуноски, кој им се заблагодари на семејството, на сите вработени, деловни парнери, пријатели за нивниот придонес, лојалност и посветеност за развојот на компанијата.

Огромно е задоволството да се доживее и прослави овој јубилеј, а уште поголемо задоволство е да се доживеаат два јубилеја. Триесет години од основањето на нашата прва приватна фирма во 1998 и дваесет години од отварањето на рудникот за варовничка дробина во август 1998. Сето ова не ќе можеше да се оствари без поддршката на моето семејство и залагањето на вработените за извршување на задачите. Овој двоен јубилеј ми дава за право да се радувам, гордеам и реализирам желбата за уште многу вакви свечени моменти. Се надевам наредниот јубилеј од 40 години ќе го прославиме во истиот состав“, рече Трифуноски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 5 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 7 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 8 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 10 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 11 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена