Гостивар
Комплетно се реновираат тоалетите во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар

Во гостиварското основно училиште „Гоце Делчев“ во тек се работите за целосно реновирање на тоалетите. Активностите започнаа минатата недела, а се спроведуваат во соработка со Министерството за образование и наука.
Со заокружување на зафатот санитарните јазли ќе добијат комплетно нов изглед.
„Реновирањето на тоалетите во училиштето беше голема потреба. Проектот опфаќа замена на санитаријата, чешмите, водоводната инсталација, како и на плочките. Работите почнаа минатата недела и секако ќе бидат целосно завршени пред почетокот на новата учебна година“, вели директорката на училиштето, Гордана Мојсоска.
Паралелно со ова, со поддршка на Општина Гостивар се одвива и уредување на училиците и ходниците со молеро-фарбарски работи, по што, според најавите ќе бидат поставени нови закачалки и табли.
Во основното училиште „Гоце Делчев“ настава посетуваат над 1.100 ученици.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!