Гостивар
Компонира, свири гитара, пее…Михаела од Гостивар објави спот за својата прва песна

Седумнаесетгодишната гостиварка Михаела Антеска го објави видео записот за песната „Insecurities“, со која дебитираше во музичкиот свет како кантавтор.
“Многу внимание и време посветивме во изработката на овој спот, за да ја пренесеме пораката како што треба. Снимањето беше исто толку забавно колку што беше и напорно, а од резултатот целата екипа е презадоволна. Спотот ја следи приказната на песната, низ глума и преплетување на мрачни и светли елементи. Ни‘ претставува огромно задоволство и чест што конечно финалниот производ излегува во јавност”, вели Михаела.
Видеото е во режија на Џафер Салиу, а кадрите се снимени на локација во гостиварско.
Михаела Антеска е ученичка во трета година во гимназијата во Гостивар. Свири гитара од седумгодишна возраст, а музика и текстови почнува да создава од свои 13 години. Нејзиниот деби сингл „Insecurities“ беше објавен кон крајот на 2022 година. Има настапувано на различни настани и манифестации во родниот град, а во 2019 година во МКЦ, Скопје (под менторство на Александар Ристовски – Принц) настапи на фестивалот „Од ребро до рокенрол“ – како главен гитарист на бендот „Викторија Нагуал“.
Instagram: @andjustlikethatshewasborn
Facebook: Mihaela INS
Tiktok: @mihaelasrocknrolldiaries
Soundcloud: MIHAELA I.N.S.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!