Поврзи се со нас

Гостивар

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Објавено

на

Поголем дел од Гостивар денес остана без вода, а од Јавното претпријатие Комуналец попладнево излегоа со известување дека причината била изведување работи за пуштање во употреба на нов резервоар во Здуње и дефект на цевките на старата водоводна инсталација. Од Комуналец информираат дека вода наскоро ќе потече од чешмите, но не треба да се пие и може да се користи само за санитарни потреби.

„Водата е хиперхлорирана, поради што не е за пиење, туку само за санитарни цели и тоа ќе важи до следното известување. Се извинуваме и очекуваме разбирање.“, рекоа од претпријатието.

Граѓаните немаат вода од 9 часот наутро.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена