Поврзи се со нас

Вести

Коњаницата „Бигорски Манастир-Патот на црешовото топче“ по деветти пат тргна од Гостивар

Објавено

на

Група коњаници, членови на коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ вчера по деветти пат тргнаa кон Крушево во чест на националниот и државен празник Илинден и манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

После неколку неделните подготовки, коњаниците вчера тргнувајќи од Зубовце-Тумчевиште, ги посетија вечните почивалишта на загинатите припадници на безбедносните сили, продефилираа низ Гостивар и со добиениот благослов во храмот „Света Богородица“ во Гостивар се упатија кон манастирот „Св.Јован Бигорски“. Во манастирот утрово по литургијата, свечено ќе положат заклетва и со благослов на игуменот Партениј, коњаницата својот марш ќе го продолжи кон Крушево.

Коњаницата ќе го помине патот од околу 200 километри по кој било пренесено првото црешово топче за поддршка на илинденските востаници. Ќе ноќева на четири места:во бачилото Салтаница на Бистра, и во селата Кнежино, Козица и Цер. На 2 август коњаниците заедно со преостанатите учесници ќе продефилираат пред гостите на прославата во Крушево.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена