Гостивар
Концерт на „Синтезис“ во Гостивар во чест на Денот на независноста

Музичките амбасадори на Македонија, етно групата „Синтезис“ ќе одржат концерт во Гостивар по повод Денот на независноста. Настанот го организира гостиварскиот Центар за култура АСНОМ, на 6-ти септември со почеток во 20 часот.
-По повод 8-ми Септември – Денот на независноста, ќе имаме чест да уживаме во целовечерен концерт на амбасадорите на македонската етно музика, групата Синтезис. Билетите се во продажба во НУЦК „АСНОМ“, информираат организаторите.
Синтезис е оформена во 1995 години, а името е одбрано како експресија на концептот на групата, што всушност претставува комбинација од традиционални звуци со модерни аранжмани во една музичка синтеза, преку користење на широк спектар оригинални инструменти како кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура.
Составот има дадено голем придонес за афирмација на македонската музика и култура преку бројни концерти низ светот, меѓу кои и во Јапонија, Израел, Америка, Италија, Франција…
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?