Гостивар
Концерт за паметење во Гостивар на Џијан Емин со филхармонија и џез музичари (фото+видео)
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, вчеравечер се одржа авторски концерт на композиторот, аранжер, инструменталист и диригент Џијан Емин со оркестар од класични и џез музичари. Гостиварци имаа ретка можност да уживаат во 70 минутен несекојдневен музички настан и интересна, неконвенционална програма.
Концертот беше насловен „Нова ера на класична музика“.
„Многу ми е драго што имаме прилика да бидеме овде во Гостивар, особено затоа што ретко настапуваме во други градови“, рече Емин Џијан на почетокот на концертот, преку кој, не само што пренесе врвно музичко доживување, туку и многу позитивна енергија.
Оркестарот кој настапи во Гостивар беше составен од членови на македонската филхармонија и на Здружението на џез музичари. Како гостин учествуваше гитаристот Арменд Џафери од Приштина, Косово.
Настанот се реализираше со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар