Поврзи се со нас

Гостивар

Конференција во Гостивар: Поголем ангажман од институциите, повисока еколошка свест од граѓаните

Објавено

на

Институциите повеќе да се ангажираат за намалување на загаденоста на воздухот, а граѓаните да соработуваат и да ја подигнат еколошката свест. Ова беше еден од главните заклучоци на денешната конференција, што се одржа во Гостивар во рамки на проектот „Каков воздух сакаме?“. Пред присутните беа промовирани брошури и друг промотивен материјал со информации за изворите на загадување, важноста од рециклажа на сметот како и начините на кои секој поединец може да придонесе за почист воздух.

Проект, кој траеше четири месеци се спроведе со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Германија. На конференцијата денес се обрати германскиот Амбасадор, Томас Герберих.

Интеграциите во НАТО и ЕУ носат многу предизвици, а квалитетот на воздухот е еден од нив, тоа е проблем на кој мора сите заедно да работите. Неопходно е институциите да покажат поголема ангажираност, а граѓаните повисока еколошка свест. Во овој проект во Гостивар, беа вклучени граѓански здруженија, ученици, институции и ние сме задоволни од сработеното и резултатите. Ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме вакви активности.“, рече Амбасадорот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари нагласи дека податоците и препораките коишто произлегле од овој проект во голема мера ќе помогнат во изработувањето на локалниот Стратешки план за животна средина, што го подготвува општина Гостивар.

Во рамки на проектот Каков воздух сакаме?, во осум училишта на подрачјето на гостиварската општина ќе бидат поставени посебни канти за рециклирање на отпад.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена