Поврзи се со нас

Вести

Конфликт Израел – Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа

Објавено

на

Граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет повторно ќе биде отворен, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, но без да прецизира време.

Според американските медиуми граничниот премин ќе биде отворен неколку часа денеска во девет часот по локално време.

  • Агенцијата на Обединети нации за поддршка на палестинските бегалци (УНРВА) синоќа соопшти дека израелските смртоносни напади врз Појасот Газа доведоа до „човечка катастрофа без преседан“, бројот на загинати се искачи на 2.670, а повредени се 9.600 лица.

Според палестинската цивилна одбрана повеќе од 1.000 луѓе се водат како исчезнати под урнатините во Појасот Газа.

  • Ако го погледнеме прашањето за водата, сите знаеме дека водата е живот и дека Газа останува без вода и Газа останува без живот, изјави генералниот секретар на УНРВА, Филип Лазарини.

  • Здравствените власти во Газа почнаа да складираат тела во камиони-ладилници за сладолед бидејќи нивното преместување во болници е премногу ризично, а на гробиштата нема место. Видеата објавени на интернет покажуваат тела завиткани во бела ткаенина наредени во празните камиони.

  • Израелските власти соопштија дека го обновуваат ограниченото снабдување со вода во јужниот дел на Појасот Газа. Тоа уследи по телефонскиот разговор помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

  • Американските и израелските официјални лица разговараат за можноста Бајден наскоро да го посети Израел на покана на Нетанјаху. Евентуалната посета на Бајден ќе следи по слични посети на други високи американски функционери, вклучително и државниот секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин. Блинкен денеска понеделник треба да се врати во Израел на вториот круг разговори со Нетанјаху.

  • Бајден, говорејќи за Си-Би-Ес истакна дека е „уверен“ дека Израел ќе дејствува според правилата на војна во својот конфликт со Палестинците и додаде дека не е неопходно распоредување американски војници. Во интервјуто Бајден посочи дека иако верува оти Хамас мора целосно да се елиминира, мора да има пат за палестинска држава. И тој предупреди дека е зголемена заканата од тероризам во САД поради немирите на Блиски Исток.

Бајден сепак го предупреди Израел повторно да не го окупира Појасот Газа истакнувајќи оти „тоа би било голема грешка“.

  • Резервите на гориво во сите болници ширум Појасот Газа се очекува да траат само уште околу 24 часа, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА).

  • Повеќе од 600.000 жители на Појасот Газа досега се преселиле во јужниот дел на енклавата во близина на египетскиот пограничен град Ал-Ариш, пред очекуваната израелска копнена офанзива. Меѓународните хуманитарни работници состојбата ја опишуваат како „хуманитарен колапс“.

  • САД предупредија дека војната меѓу Израел и милитантната група Хамас може да ескалира, бидејќи американските воени бродови се упатија кон областа во услови на растечки судири на северната граница на земјата со Либан. „Постои ризик од ескалација на овој конфликт, отворање на втор фронт на север и, се разбира, вмешаност на Иран“, изјави за Си-Би-Ес советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

  • Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин доцна во саботата најави распоредување на втора група носач на авиони, нарекувајќи го знак на „нашата решеност да го одвратиме секој државен или недржавен актер кој сака да ја ескалира оваа војна“.

  • Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан изјави дека САД ќе претрпат „значителна штета“ доколку војната во Појасот Газа прерасне во поголем конфликт. „Ние ја пренесовме нашата порака до ционистичкиот режим преку неговите сојузници дека ако не престанат со своите злосторства во Газа, Иран не може едноставно да остане набљудувач“.

  • Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го повика Хамас безусловно да ги ослободи заложниците и го повика Израел да дозволи брз и непречен пристап до хуманитарна помош до Појасот Газа. „Секоја од овие две цели е валидна сама по себе. Тие не треба да станат договори за пазарење и мора да се спроведат бидејќи тоа е вистинската работа … Блискиот Исток е на работ на амбис“, посочи Гутереш.

  • Венецуела ќе испрати 30 тони хуманитарна помош во Појасот Газа во следните неколку дена.

  • Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас наведе дека акциите и политиките на исламистичката група Хамас не го претставуваат палестинскиот народ, јави официјалната новинска агенција Вафа, иако подоцна ги отстрани директните референци на Хамас од својот извештај.

  • Франција го предупреди Иран „против каква било ескалација или продолжување на конфликтот“ меѓу Израел и Хамас. За време на телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси, Макрон предупреди на какво било прелевање на конфликтот во Либан.

  • Лидерите од 27-те земји-членки на ЕУ во заедничка изјава „најостро го осудија Хамас и неговите брутални и терористички напади врз Израел и длабоко жали за загубата на животи“.

  • Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува „Ватикан да биде повнимателен кон страдањата на Израелците“. Шефот на израелската дипломатија Ели Коен повика на јасна осуда на Ватикан на смртоносниот тероризам против Израелците и го повтори дека Израел има право да се брани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 34 минути

Како до поголема сообраќајна безбедност: Затворски казни, одземање возила, ефективни контроли за градење сообраќајна култура…

Здравје и убавинапред 2 часа

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 15 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 16 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 19 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 20 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 21 час

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 22 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 23 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена