Култура
Конкурс за литературни и ликовни творби по повод 8-ми декември

Младинска Артистичка Корелација, во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ – Гостивар, по повод празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски, распишува конкурс на тема – „Зошто ја љубам Македонија?”
Темата треба да обработува содржини од општествениот и социјален живот, преку истакнување на патриотизмот и родољубивоста.
Право на учество имаат сите гостиварци – љубители на убавиот пишан збор (поети и прозисти) и автори на ликовни творби од 14 до 18 годишна возраст. Творците конкурираат со по една досега необјавена творба.
Пристигнатите творби ќе ги оценува стручна комисија, а резултатите ќе бидат соопштени на 8-ми Декември, на третиот настан што МАК тимот ќе го организира, насловен како “Македонска вечер”. На авторите на најдобритe творби и на учесниците ќе им бидат доделени благодарници и награди.
Вашите литературни творби треба да бидат доставени преку фејсбук страницата на Младинска Артистичка Корелација или пак на е-маил адреса: [email protected]
во Word-документ, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо, со назнака “Ја сакам Македонија” и име и презиме на учесникот, најдоцна до 3-ти Декември 2016 год.
Ликовните творби треба да се приложат на 3 Декември 2016 год. во Центарот за култура „АСНОМ“ (мала сала) од 11:00 до 14:00 часот.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение