Поврзи се со нас

Македонија

Конкурс за стипендии за средношколци Роми

Објавено

на

    Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 1200 стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Македонија за учебната 2024/2025 година, со рок за аплицирање до 10 октомври 2024.

    Стипендиите ќе бидат доделени во четири категории во зависност од постигнатиот успех на средношколците Роми во последната учебна година, со месечен износ од 1.200 до 3.000 денари во траење од девет месеци.

    Во објавениот Конкурс се наведени условите што треба да ги исполнуваат кандидатите и потребните документи кои треба да ги прикачат на  http://e-uslugi.mon.gov.mk заедно со пополнетата електронска пријава.

    Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 11 ноември 2024 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука.

    МОН исто така објави и Јавен повик за ангажирање педесет ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2024/2025 година.  Во повикот се наведени критериумите за избор на медијатори и општините во кои е потребен нивниот ангажман.

    -Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците, наведува МОН во објавата.

    За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 18.000 денари бруто за период  од три месеци во текот на 2024 година и седум месеци во текот на 2025 година.

    Кандидатите кои ќе се пријават треба најдоцна до понеделник (30 септември 2024) до Министерството за образование и наука да ги достават документите наведени во Јавниот повик.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена