Македонија
Конкурс за стипендии за студенти Роми за академската 2024/2025 година

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Македонија за студиската 2024/2025 година.
Месечниот износ на стипендијата е 6.000 денари и студентите Роми ќе ја добиваат девет месеци во текот на една студиска година.
Заинтересираните кандидати треба да се припадници на ромската етничка заедница, да се државјани на Македонија и да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.
Според објавениот конкурс, критериуми ќе бидат постигнатиот среден успех на кандидатот, да се редовни студенти на некоја од јавните или приватните високообразовни установи во државава, а предност при селекцијата ќе имаат студентите Роми кои студираат на факултети кои образуваат наставен кадар.
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, најдоцна до 1 ноември годинава.
Во објавениот конкурс се наведени документите потребни за аплицирање и е појаснет начинот на пријавување за стипендиите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос