Македонија
Конкурс за ученици за најдобра песна по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата
По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ објавуваат конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта.
МОН соопшти дека целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз.
Учениците до трето одделение може да се пријават со лично дело на тема – „Мојата песничка – моја слика за шарен и весел свет“. За учениците од четврто до шесто одделение темата е „Збор по збор – песна“, додека учениците од седмо до деветто одделение се натпреваруваат на тема „Да напишеме стих – да создадеме поубав свет”.
Повеќе детали, основците можат да погледнат на линкот: https://mon.gov.mk/content/?id=8516
„Куќа цел свет братски ми е….“ е темата наменета за средношколците, а конкурсот е објавен на линкот https://mon.gov.mk/content/?id=8517
„Темата е стих од песната „Татунчо“ од Кочо Рацин и се однесува на жртвувањето и борбата за поправеден свет наспроти вообичаените очекувања и материјалистички стремежи. Но, пошироко, стихот упатува на една поопшта идеја за космополитизмот и братството меѓу луѓето“, наведува МОН.
Министерството за образование и наука и фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ известуваат и дека во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик во текот на март ќе се организира и еден специјален час посветен на 21 март – Светскиот ден на поезијата, при што учениците ќе бидат запознаени со важноста на денот востановен од УНЕСКО во 1999 година и важноста на поезијата како една од најблагородните и возвишени уметности на пишаниот збор.
„Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали, а ќе бидат прочитани и стихови од годинашните добитници на „Златниот венец“ и „Мостови на Струга“ – највисоките признанија кои се доделуваат на овој фестивал“, соопшти Министерството за образование и наука.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија