Здравје и убавина
Консумирајте секој ден-Лененото семе дава корист од глава до петици

Редовната употреба на лененото семе има долга листа на бенефити за здравјето. Тоа е природен извор на омега-3, антиоксиданси, витамини и минерали, кои помагаат за подобра работа на кардиоваскуларниот систем, варењето на храната и работата на цревата, за намалување на крвниот притисок итн.
Се покажало дека ленот е корисен и за жените кои минуваат низ менопауза. Може да се користи како алтернатива на хормонската терапија бидејќи лигнаните во ленот содржат естрогенски својства. Некои студии покажуваат дека тие можат да ги намалат топлите бранови кои се јавуваат во менопаузата.
Лененото семе е корисно и за кожата и косата бидејќи ги храни со здрави масти и витамини од групата Б, кои можат да помогнат во намалувањето на сушењето и лупењето.
Меленото ленено семе можете да го додадете во салати или други јадења, а исто така и во јогурт или сок од портокал. За појадок, можете да направите вкусно смути од овесна каша, млеко, едно јаболко, малку цимет и две лажици мелено ленено семе. Ако за ручек готвите пилешко или риба, лененото семе е совршен додаток. Треба да се знае дека го намалува времето на готвење на храната, а и вие се чувствувате сити, без потреба од грицки меѓу оброците.
Кога правите салати, можете да користите мелено ленено семе. Ако направите салата од спанаќ, додадете неколку парчиња ананас, пилешко, ореви, исцедете сок од лимон и одозгора посипете една лажица мелено ленено семе.
Има безброј опции како да го користите, на вас е да ја најдете онаа која најмногу ви одговара.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение