Македонија
Контиунирано и сериозно се кршат правата од работен однос во УЈП, реагира синдикатот

Синдикатот на работници од управата, како потписник на Колективниот договор во Управата за јавни приходи, денеска преку соопштение реагира на, како што велат, континуираното и сериозно кршење на правата од работен однос во оваа институција.
Според синдикатот, во оваа институција долг временски период се ограничуваат правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не се применуваат законските одредби и одредбите од Колективниот договор особено оние кои се однесуваат на начинот на пресметка на плата, додатоците на плата и други надоместоци од работен однос и се прават незаконски времени и трајни прераспоредувања на вработените.
Од Владата, Министерството за финансии и од УЈП бараат утврдување и исплата на додадок на плата од 30 проценти и за вработените во УЈП почнувајќи од јануари годинава и пресметувањето и исплатата на платата, надоместоците и додатоците на плата најитно да се усогласи и да се врши согласно Колективниот договор. Синдикатот бара и усогласувањето на платите да биде согласно порастот на индексот на трошоци на живот во случаи кога ќе надмине 10 проценти во споредба со претходниот месец, да се признава степенот на образование на вработените и да се прекине со временото распоредување на вработените и тоа да се користи во случаи и на начин како што е пропишано согласно законот и Колективниот договор.
„Време беше изворно да се слушне барем дел од вистината и за вработените во УЈП кои долги години на различни начини се обесправени во остварување на своите права од работен однос“, велат од Синдикатот, повикувајќи ги Државниот инспекторат за труд, Државниот завод за ревизија, Народниот правобранител и Комисијата за дискриминација да спроведат надзор по допрен глас во Управата за јавни приходи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?