Гостивар
Контрола на над 1.500 лица со решенија за изолација – во Гостивар без прекршувања, во Тетово едно лице не било дома
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 126 лицa (Тетово-85 и Гостивар-41) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Во истиот период на 236 лицa (Tетово-183 и Гостивар-53) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Контроли им биле извршени на 1547 (Тетово-1134 и Гостивар-413) лица со вакви решенија и при тоа било констатирано дека едно лице од Тетово не го почитувал решението за изолација и надзор.
Според информациите од СВР се работи за триесет и деветгодишниот А.С. При контрола извршена околу 14 часот од полициски службеници, тој не бил пронајден во неговиот дом. По целосно документирање на случајот, против тетовецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар