Гостивар
Контрола: Половина од автобусите и комбињата во Гостивар неисправни
Денеска (30 август) во периодот од 8 до 13 часот, во Гостивар и Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз, автобуси и комбиња.
Податоците кои ги соопшти СВР Тетово од контролата се поразителни. Од 33 контролирани возила на гостиварското поодрачје, 15 биле технички неисправни: 10 со неисправни сопирачки, 3 со неизвршен преглед и 2 со некомплетна опрема. Неисправните возила биле исклучени се од сообраќај, а изготвени се и соодветни поднесоци.
Со контролата реализирана на тетовското подрачје вкупно биле опфатени 85 возила, од кои кај 14 откриена е техничка неисправност. Единаесет од возилата имале неисправни сопирачки и веднаш биле исклучени од сообраќај, додека 3 биле со неизвршен технички преглед.
При контролата биле откриени и 20-тина други видови сообраќајни прекршоци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар