Поврзи се со нас

Гостивар

Контрола во Гостивар, 15 пешаци ќе си платат казни

Објавено

на

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (11 мај) од 9 до 15 часот спровеле акциска контрола на пешаци и нивното однесување во сообраќајот. При контролата бил откриен и санкциониран 41 прекршок (ТЕ-26 и ГВ-15). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непрописно преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите им се изготвени законски предвидените поднесоци, со напомена дека паричните глоби за ваквите прекршоци се движат од 15 до 50 евра во денарска противвредност.

Санкционирани, исто така, се и 12 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до пешаците да бидат крајно внимателни – како и каде се движат и ги преминуваат улиците, а возачите задолжително да ги пропуштаат, односно да им даваат предност.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена