Гостивар
Контрола за брзо возење во Гостивар, казнети 20-тина возачи
Во текот на вчерашниот ден (14 јули) во периодот од 14 до 20 часот, полицијата спровела акциска контрола во Гостивар и Тетово за пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место.
Во контролата на гостиварското подрачје, откриени биле 18 прекршоци, од кои шест во населено, а дванаесет надвор од населено место. СВР соопшти дека најмногу станува збор за пречекорувања на дозволената брзина за 30 до 50 километри на час. Сите возачи се соочиле со соодветните казни.
Во контролата реализирана на тетовското подрачје вкупно биле откриени и законски санкционирани 27 прекршоци, од кои четиринаесет пречекорувања на брзината надвор и тринаесет во населено место.
„Целта на акциската контрола е откривање и законско санкционирање на оние возачи кои не ја прилагодуваат брзината според условите на патот, односно возат побрзо од максимално дозволеното. Ова, дотолку повеќе што и годинава брзината е најчестата причина за сообраќајните несреќи кои се случуваат на тетовско-гостиварското подрачје.“, информираат од полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар