Гостивар
Контроли Гостивар: Секој четврти возач фатен во прекршок

Управување возила без дозвола, истечена регистрација, возачи-почетници кои не се придржувале на законските прописи, се едни од најчестите прекршоци кои ги регистрира сообраќајната полиција на гостиварското подрачје. Истото се потврдува и со последната акциска контрола, спроведена изминатиот викенд (16 и 17 февруари).
Според податоците од СВР Тетово, биле опфатени вкупно 47 возачи во гостиварско, а полицијата констатирала 12 прекршоци. Еден возач бил фатен зад волан под дејство на алкохол и веднаш бил исклучен од сообраќај. Освен тоа времено му е одземена возачката дозвола и се соочува со парична казна од 250 до 400 евра.
Останатите прекршоци биле токму оние кои се најчести во Гостивар, возење без дозвола и нерегистрирани возила.
Контрола била спроведена и во Тетово, каде биле опфатени 73 возачи, а констатирани 19 прекршоци. Дури 11 возачи биле под дејство на алкохол.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?