Гостивар
Контроли ќе има редовно, да внимаваат и возачите и пешаците-апелира полицијата
Полициски службеници на СВР Тетово и вчера (9 февруари) од 15 до 20 часот, спровеле акциска контрола на возачи кои не им даваат предност, односно првенство на минување на пешаци.
При контролата, која на ова подрачје континуирано се реализира минатиот и овој месец, откриени и санкционирани се вкупно 26 прекршоци (Тетово-23 и Гостивар-3). На сите возачи-прекршители изготвени им се законски предвидените прекршоци и тие ќе се соочат со соодветни парични глоби. Откриени и санкционирани, исто така, биле и 15 други видови сообраќајни прекршоци.
„Контролите и натаму ќе продолжат, а на возачите СВР Тетово повторно им укажува задолжително да ги пропуштаат пешаците, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат максимално внимателни и одговорни кон другите учесници во сообраќајот.Максимална внимателност им се советува и на пешаците, посебно кога се движат по улици или патишта на кои нема обликувани тротоари , но и како ги преминуваат улиците без обележани пешачки премини.“, апелира полицијата.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022