Поврзи се со нас

Гостивар

Контроли кој каде паркира, во Гостивар 7 казнети

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека ги засили активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово и Гостивар. Вчера (27 март) во Тетово биле преземени вкупно 25 мерки кои се однесувале на непрописно, односно погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“. Подигнатите возила го попречувале нормалното движење на другите учесници во сообраќајот. Претежно станувало збор за паркирани во таканаречени „двојни редови“ и на други недозволени места, во зона на крстосници, на пешачки премини, на тротоари и слично.

На подрачјето на Гостивар вчера, исто така, откриени и санкционирани биле 7 прекршоци кои се однесувале на непрописно паркирање, при што на сопствениците на истите им биле изготвени соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе спроведува вакви активности, дотолку повеќе што непрописното паркирање често пати е причина за создавање на сообраќаен метеж на улиците, но и претставува причина за сообраќајни несреќи, неретко и со посериозни последици.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена