Вести
Контроли на автобуси и комбиња за јавен превоз во Гостивар

Во текот на вчерашниот ден полицијата спровела неколкучасовна акциска контрола на гостиварското подрачје за техничката исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.
Вкупно биле контролирани 42 возила, од кои 28 биле упатени на вонреден технички преглед. Било утврдено дека седум од возилата имале неисправни сопирачки. Освен ова, полицијата регистрирала и други прекршоци како управување без возачка дозвола, истечена регистрација, претовар и слично, кои биле заокружени со седумнаесет прекршочни платни налози.
„Целта на акциската контрола е откривање и отстранување од сообраќај на технички неисправните возила и особено на оние кои секојдневно превезуваат ученици од и кон околните села“, потенцираат од Секторот за внатрешни работи.
Контрола била спроведена и во Тетово, каде биле опфатени 60 возила, од кои 44 биле упатени на вонреден технички преглед. Од нив, кај 16 констатирана е неисправност на уредите за управување. Четири автобуси биле веднаш исклучени од сообраќај.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!