Гостивар
Контроли на јавен превоз и товарни возила во Гостивар и Тетово

Вчера (27 октомври) од 11 до 15 часот спроведена е и акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, при што во Гостивар биле откриени 2 прекршоци. Едно возило било со неисправни светлосни уреди, а на едно му недостигала потребната опрема. На двајцата возачи изготвени им се поднесоци согласно Законот за за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај ова, во Тетово санкционирани се и 4 возачи кои ги управувале возилата без потребните документи, а што претставува кривично дело казниво по член 284-а од Кривичниот законик, како и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3).
Исто така вчера од 7 до 12 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на товарни возила, во која во Тетово биле откриени и санкционирани 4 возила со неисправни сопирачки, 2 со неисправни уреди, 1 со претовар и 3 со други технички недостатоци. Шест од санкционираните возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а соодветни поднесоци им биле изготвени и на уште 7 возачи во Гостивар за различни сообраќајни прекршоци.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 3 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава