Поврзи се со нас

Гостивар

Контроли низ Гостивар – демне опасност од петарди, казните одат до 500 евра

Објавено

на

Гостиварската полиција месецов ги засили контролните активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства.

„На трговците, родителите и учениците им се укажува дека продавањето, купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини,пак, спротивно е на Кривичниот законик  и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години.“, велат од полицијата.

Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира, особено до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и слично.   Во насока на превенција СВР одржува состаноци на граѓанските советодавни групи на кои, меѓу другото, се зборува за набавката, продажбата и се друго поврзано со пиротехничките средства. Покрај ова, вакви состаноци се организираaт и во основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје. Иницијатор и носител на овие и другите активности е Отсекот за превенција.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена