Гостивар
Контроли за паркирање во Гостивар и Тетово, казни од 40 до 180 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните активности за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово и Гостивар. Вчера (27 јуни) во акциска контрола спроведена од 8 до 12 часот биле откриени и санкционирани вкупно 15 прекршоци (Тетово-9 и Гостивар-6).
Најголемиот број од нив се однесувале на погрешно запирање и паркирање. Сите прекршоци заокружени се со соодветни поднесоци и зависно од прекршокот ќе следат парични глоби кои се движат од 40 до 180 евра во денарска противвредност, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и посебно во таканаречени „двојни редови“, туку само на места определени за таа намена. Ова, дотолку повеќе што веќе е зголемен бројот на возилата во Полошкиот регион и допрва уште повеќе ќе се зголеми. Оттаму, возачите треба да водат сметка за паркирањето и да не се создаваат мешаници, кои неретко завршуваат и со несакани последици, повреди, оштетувања на возилата и слично, посебно во централните градски подрачја.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос