Поврзи се со нас

Гостивар

Контролни обиколки низ улиците во Гостивар поради големиот број на питачи

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните празници, со пристигнувањето на печалбарите во родните краишта, низ гостиварските улици вообичаено се зголемува бројот питачи. Голем дел од нив организирано доаѓаат од други градови, а со себе носат и деца кои ги оставаат да бараат пари од минувачите по улица.

Со цел да се спречат или барем ублажат ваквите појави, Центарот за социјални работи од Гостивар, во координација со полицијата перидов презема контролни активности два пати во неделата.

„Семејствата од Гостивар коишто питачат ни се познати и со такви работиме во текот на целата година,  укажувајќи им на штетните последици, на влијанието врз децата и слично. Поголем проблем се тие што доаѓаат од другите места, обично за време на празниците или налето. Периодов, со оглед дека е сезона на печалбарите, задолжително правиме контролни обиколки заедно со полицијата и тоа два пати неделно. Со затекнатите питачи се врши разговор, па потоа ги испраќаме во градовите кадешто живеат. Доколку повторно истите се вратат и ги затекнеме, следува предупредување и на крај казна што ја одредува полицијата, согласно законските мерки.“, рече Мухамед Таири од Центарот за социјална работа во Гостивар.

Службите велат дека сепак, најголем акцент се става на превенцијата, а не на казнувањето, со  цел да се делува врз свеста дека питачењето, особено инволвирањето на децата во такви активности може да имаат сериозни последици.

Инаку, питачењето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и за ваков вид прекршок е предвидена глоба од 15 до 50 евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 3 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 5 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена