Вести
Концерт и во Гостивар под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ“
На концертот што го организираше Владата на Република Македонија под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ“ на градскиот плоштад во Гостивар вечерва настапија рок бендот АРЕА и ди-џејот Феки Фарис. Гостивар е еден од 15 градови во земјава кадешто Владата вечерва организираше прослави.
На настанот присуствуваа заменик министерката за финансии Ширете Елези, министерот за култура Асаф Адеми и министерот без ресор задолжен за комуникации Роберт Поповски. Тие во своите изјави испратија пораки за поддршка на референдумот за името:
„Македонија вечерва заслужува да слави. Македонија избра иднина наместо минато, среќа наместо тага, интеграција наместо изолација. Граѓаните на Република Македонија имаат право да бидат среќни, ова е историски момент. На престојниот референдум сите оние што и` посакуваат светла и перспективна иднина на Република Македонија треба да излезат и да гласаат за, за Македонија во ЕУ, за Македонија во НАТО“, изјави Поповски.
„Долго беше очекуван моментот кога од Самитот на НАТО ќе стигне таа толку посакувана покана да бидеме членка на НАТО, што ќе допринесе за мир, за економски развој. Исто така, важен е моментот што ги започнуваме и преговорите за зачленување во ЕУ. Но, работата не е цела завршена, треба граѓаните тоа да го потврдат на референдумот и затоа ги повикувам сите мои сограѓани во Гостивар и сите други во цела земја да го поддржат референдумот“, изјави Адеми.
„Придобивките од членството во НАТО се очекува да бидат многу големи, особено од финансиски аспект. Зголемена безбедност значи зголемување на домашни и странски инвестиции. Ги повикувам граѓаните да го поддржат референдумот кој треба да се одржи, бидејќи тоа е патот по кој треба да се движиме“, рече во својата изјава Елези.
Додека едни излегоа да слават, други во знак на револт и негодување на политиките на Владата, во пресрет на настанот во центарот на градот денес истакнаа транспарент со натпис „Го прославувате предавството на Македонија“.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди