Култура
Концерт на музичкото училиште по повод патронатот
Гостиварското основно музичко училиште со свечен концерт го одбележа патрониот празник, 30 март. Во големата сала на Центарот за култура АСНОМ, учениците под водство на своите професори ментори, покажаа кои музички предизвици ги совладале и што научиле изминатиот период. Младите музичари се претставија со неколку хорски песни како и инструментални изведби на класични дела.
Со денешниот концерт основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ од Гостивар, прослави 27 години од своето постоење.
Во оваа учебна година, во училиштето се запишани околу 150 редовни ученици на три наставни јазици: македонски, албански и турски. Децата изучуваат солфеж и инструмент.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар