Поврзи се со нас

Гостивар

Координација за поголема безбедност во училиштата во Гостивар

Објавено

на

    Во насока на спроведување мерки и активности за поголема безбедност во училиштата и нивниот круг, денес во Гостивар се одржа координативен состанок на надлежните институции. На средбата своите мислења и предлози ги образложија претставници од општината, Министерството за внатрешни работи, директорите на основните и средните училишта, како и педагошко-психолошките служби и родители.

    Состанокот го организираше општинскиот Сектор за образование.

    „Безбедност и сигурноста на децата е најважна. Затоа и организираме вакви координативни средби на почеток на училишната година, на полугодие и на крајот. Училишните управи треба да бидат во контакт со полицијата, со која цел и споделуваме броеви за контакти. Инаку, по еден полицаец е ангажиран за секое училиште. Лани имавме присуство и на цивил полицајци на почеток на смената и на крајот, мислиме дека така децата се побезбедни и таа пракса треба да продолжи. Како општина имаме ангажирано обезбедување во средните училишта, бидејќи тука може да се јави проблем, затоа што се работи за поголеми деца.“, истакна раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.

    Таа додаде дека според сознанијата од МВР состојбата во училиштата моментално е стабилна и не бил регистриран некој потежок инцидент.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена