Деца Родители
Корисни совети: Како да ги научите тинејџерите да ги ценат парите и да штедат

Тинејџерството само по себе, како период од животот е комплицирано и полно со предизвици. Еден од нив се финансиите. Знаат ли младите да ги ценат парите и да прават разлика меѓу желба и потреба? Факт е дека живееме во материјален свет, но како родители треба да се потрудите адолесцентите да ги сфатат вистинските вредности на животот. Психолозите даваат неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:
Дозволете им финансиска слобода под контролирани услови: Давајте му на детето џепарлак, сума која ќе ја определите неделно или месечно. Многу е важно таа да биде реална, согласно вашите финансиски можности. Откако ќе ги дадете парите, не го прашувајте секој ден колку и каде трошело, оставете го извесно време само да ги согледа последиците, доколку ги потроши парите веднаш или на работи кои не му требаат. Ако ви побара уште пари, објаснете му дека буџетот е ограничен и треба да се научи да ги менаџира тие што ги издвојувате за него.
Бидете добар пример: Поверојатно е дека вашето дете тинејџер, ќе го копира вашето однесување отколку да ги послуша вашите зборови. Значи, морате да бидете добар пример кога се во прашање парите. Правете финансиски план и држете се до него.
Бидете креативни и интересни во поучувањето: Повеќе од сигурно е дека тинејџерите не сакаат да им се „соли памет“, па ниту од родителите. Најдете покреативен и забавен начин да му објасните на детето за штедењето и трошењето на пари. Укажувајте на примери кои ги има околу вас, на тој начин повеќе ќе разбере зошто е важно правилно да се управува со финансиите.
Наградувајте го: Мал дел од тинејџерите имаат можност за хонорарна заработка надвор од домот. Но, тоа не значи дека не може да му најдете некоја обврска дома, за која ќе добие извесна сума пари, надополнување на џепарлакот. Расчитување на собата, грижа за цвеќињата и дворот и слично. Така му покажувате дека работата и трудот носат пари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022