Вести Гостивар
Корисниците на ајфон се` уште не можат да скенираат фискални, сметките се валидни 10 дена

Четврти ден по стартот на проектот за поврат на ДДВ кај граѓаните, се` уште нема апликација за корисниците на ајфон, поради што не можат да си го остварат ова право. Фискалните сметки, преку чие скенирање се обезбедува повратот на парите, имаат важност од десет дена од датумот на издавање на сметката, по кој рок не можат да се користат за враќање на данокот.
УЈП при означувањето на почетокот на проектот, во понеделникот (1 јули) немаше конкретен одговор, кога точно апликацијата ќе биде достапна и на „Apple Store“. „Очекуваме во наредните денови апликацијата да биде достапна за преземање и од „Apple Store“ за корисниците од „iOS“ оперативниот систем, бидејќи станува збор за мултинационална компанија која работи со посложени административни процедури при поставување на апликациите.“, изјави директорката Сања Лукаревска.
На проблеми реагираат и дел од граѓаните кои на своите андроиди, веќе ја симнале апликацијата и се обиделе да ја користат. Тие се жалат дека одредени броеви не им се прифаќаат како пин, дека нема извештај за сумата која им следува како поврат и друго.
Првата исплата на парите за граѓаните, според најавите ќе се случи во декември 2019-та година, а натаму правото на враќање на данокот ќе се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја