Поврзи се со нас

Македонија

Корисниците на ајфон се` уште не можат да скенираат фискални, сметките се валидни 10 дена

Објавено

на

Четврти ден по стартот на проектот за поврат на ДДВ кај граѓаните, се` уште нема апликација за корисниците на ајфон, поради што не можат да си го остварат ова право. Фискалните сметки, преку чие скенирање се обезбедува повратот на парите, имаат важност од десет дена од датумот на издавање на сметката, по кој рок не можат да се користат за враќање на данокот.

УЈП при означувањето на почетокот на проектот, во понеделникот (1 јули) немаше конкретен одговор, кога точно апликацијата ќе биде достапна и на „Apple Store“.  „Очекуваме во наредните денови апликацијата да биде достапна за преземање и од „Apple Store“ за корисниците од „iOS“ оперативниот систем, бидејќи станува збор за мултинационална компанија која работи со посложени административни процедури при поставување на апликациите.“, изјави директорката Сања Лукаревска.

На проблеми реагираат и дел од граѓаните кои на своите андроиди, веќе ја симнале апликацијата и се обиделе да ја користат. Тие се жалат дека одредени броеви не им се прифаќаат како пин, дека нема извештај за сумата која им следува како поврат и друго.

Првата исплата на парите за граѓаните, според најавите ќе се случи во декември 2019-та година, а натаму правото на враќање на данокот ќе се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 8 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 10 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 12 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 12 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 13 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 14 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 16 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 18 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена