Занимливости
Користењето на вештачката интелигенција може да ѝ наштети на сопствената – предупредуваат експертите

Вештачката интелигенција денес може да одговори на речиси секое прашање, за само неколку секунди. Но цената што ја плаќаме за оваа погодност, според експертите, не е парична – туку ментална. Имено, се повеќе стручњаци предупредуваат дека прекумерната употреба на АИ алатки може сериозно да ја поткопа нашата способност за самостојно размислување, креативност и критичко заклучување.
Од табла и креда до ChatGPT во неколку децении
Замислете се на крајот на 1990-тите. Во училиште, добивате задача – за 15 минути да напишете сѐ што знаете за некое книжевно дело или историски настан. Прво размислувате, се присетувате на наученото, а потоа брзате да го ставите на хартија. Денес, учениците само го внесуваат прашањето во ChatGPT, го задаваат бројот на карактери – и добиваат готов текст.
Тоа навидум ефикасно, но според психолозите и невронаучниците – опасно. „Колку помалку размислуваме самите, толку повеќе ни слабее мозокот“, велат тие. А најмногу страдаат креативноста и критичкото размислување.
Мозокот атрофира кога не се користи
Како што мускулите слабат без физичка активност, така и мозокот слабее без ментален напор. Претераното користење на АИ доведува до тоа корисниците да не го преиспитуваат добиениот одговор, туку само го препраќаат понатаму – без анализа, без учење, без размислување.
Дополнително, алатки како ChatGPT се толку напредни што лесно предлагаат десетици идеи на која било тема. Но тие идеи често се веќе видени, „рециклирани“ и шаблонски. Токму затоа, велат експертите, креативноста полека изумира.
Дали решението е да се откажеме од АИ? Не – туку да ја користиме паметно
Според стручњаците, не е проблем самата АИ, туку начинот на кој ја користиме. Доколку се користи активно – со поставување прашања, проверка на извори и анализа на одговорите – мозокот и понатаму е вклучен и когнитивните функции се одржуваат.
Но доколку пристапот е пасивен – само копирање и конзумирање на информациите без размислување – тогаш доаѓа до забрзано когнитивно стареење. Овој тип користење е особено чест кај постарата популација, која технологијата сѐ уште ја доживува со доза на недоверба или потешкотии.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог