Гостивар
Корона паника: Гостиварци прават залихи на храна и гелови за дезинфекција

Уплашени од ширење на коронавирус, гостиварци ги празнат рафтовите во маркетите и аптеките. Фармацевтите во Гостивар потврдија дека побарувачката на гелови за дезинфицирање деновиве е многу зголемена.
Вчера беше потврден првиот случај на заболен во Македонија, 50 годишна жена која престојувала во Италија. Надлежните повикаа на смиреност и препорачаа да се следат општите мерки на заштита. Но, граѓаните навалија во маркетите по брашно, конзерви, макарони, како и во аптеките по средства за дезинфекција. Фармацевтите во Гостивар потврдија дека побарувачката на гелови за дезинфицирање е толку зголемена, што не може да се постигне да се обезбеди за сите.
„Деновиве има многу голема побарувачка на средства за дезинфекција, но сметам дека непотребно се крева паника. Граѓаните доаѓаат и бараат по 7-8 пакувања одеднаш, што не можат да ги искористат и така не останува за другите. Секое утро во аптеките има дотур на гелови, но многу брзо се трошат и се купуваат големи количини одеднаш. Навистина, не треба толку да се крева паника“, рече фармацевтот Алберт Селими од Кенан Фармаси.
Иста беше ситуацијата и во неколку други аптеки кои ги посетивме претпладнево.
Ако немаат средства за дезинфекција, граѓаните редовно и темелно да ги мијат рацете со сапун, советуваат фармацевтите.
Здравствените власти препорачаа училиштата да ги одложат екскурзиите во подрачјата каде има коронавирус. Во општите мерки на заштита спаѓаат:избегнување на контакти со болни, покривање на носот и устата при кашлање и кивање, внимателност и голема хигиена при подготовка на храна и контакт со животни, со оглед дека вирусот може да се пренесе и преку нив.
Инаку, инфективното одделение во Гостивар е едно од трите во земјава со посебна просторија за изолација за следење на евентуален сомнителен случај на корона.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар