Вести
Корона спорт

Деновиве, сведоци сме на сериозни турбуленции, поместувања, отстапки, радикални мерки во областа на спортот, сѐ со цел заштита од корона вирусут. Спортот и спортските настани, кои масовно се посетени, веројатно ќе го извлечат “најдебелиот крај” од целава ситуација, како дел од општественото живеење.
Натпреварите од италјанската Серија А се суспендирани до 3-ти Април, шпанска Ла лига, наредните две недели ќе се игра без публика, одлучено е натпреварите од најпопуларните европски фудабалски клубски натпреварувања, како Валенсуја – Аталанта, ПСЖ – Борусија Дортмунд, Барселона – Наполи, Олимпијакос – Вулверхамптон, Интер – Хетафе и други да се играат пред празни трибини.
Ништо подобро не е и во кошарката, ракометот и останатите спортови. Кошаркарската Евролига веќе размислува за поместувања на термини и места каде ќе се одиграат одредени натпревари, НБА лигата го дочека првиот натпревар кој ќе се игра без публика. Трката за големата нагрда на Бахреин во Формула 1 е одлучено да се одржи без присуство на публика, презакажани се трките во Катар и Тајланд од МотоГП натпреварувањето и тн. Дури, во прашање е доведено одржувањето на Европското фудбалско првенство и олимписките игри во Токио.
Од целата, невидум хаотична, ситуација не е исклучен и спортот во нашата држава. На конец виси начинот на кој и каде ќе се одигра, за нас и за македодонскиот фудбал, најважниот дуел во историјата, против репрезентацијата на Косово, за историски пласман на европското првенство. Националната арена Toдор Проески, на кој треба да се одигра овој дуел, беше распродадена во рекордно време. РК Вардар, кој покрај незавидната финансиска ситуација во која се наоѓа, треба да ги одигра натпреварите од СЕХА лигата и ракометната Лига на шампиони без публика, а пеколната атмосфера во “Јане Сандански” важи за играч повеќе на теренот. КК Гостивар, веројатно единствениот спортски колектив во Македонија кој ја полни салата до последно место на секој свој прволигашки натпревар одигран на домашен терен, ќе ја започне Супер лигата без публика, под прашалник е и Кошаркарскиот куп на Македонија, како и кога ќе се одржи оваа манифестација.
За нас новинарите и спортските фанови, останува да ги следиме случувањата во спортот и се надеваме на што поскорешна разврска на случувањата со глобалната закана, корона вирусот. Впрочем, покрај сѐ, спортот постои исклучиво и само за публиката.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград