Поврзи се со нас

Гостивар

Корона страв – Граѓаните се плашат да одат на лекар и да кажат какви симптоми имаат

Објавено

на

Откако почна ковид пандемијата, голем дел од граѓаните се плашат и им се јавува паника доколку треба да одат на преглед и да побараат лекарска помош. Секојдневно преоптоварени со информации за коронавирус, се доведуваат во заблуда и за симптомите и тегобите што ги чувствуваат.  Медицинските лица сметаат дека е неопходна подобра едукација на населението за да се надмине стравот.

Пациентите имаат фобија од ковид и хоспитализација и честопати заради тоа не ги кажуваат симптомите точно, вели д-р Мухамедали Хајредини, кој е член на Кризниот штаб во Општина Врапчиште.

„Ние сме во секојдневен контакт со пациенти и нашето искуство кажува дека кај луѓето се јавува страв, па не ги кажуваат своите симптоми целосно, што пак отежнува правилно да се третираат. Граѓаните треба да знаат дека не секој симптом е врзан со ковид и секое одење во болница не значи хоспитализирање за ковид. Покачена температура или треска, не е автоматски коронавирус. Тие се плашат дека веднаш ќе бидат пратени на инфективно одделение. Потребно е повеќе да се зборува за овој проблем, за луѓето да го надминат тој страв и на своите лекари отворено да им ги кажат здравствните тегоби, за да добијат правилна терапија и третман“, вели д-р Хајредини.

Светската здравствена организација предупреди дека пандемијата влијае врз психичкото здравје на луѓето, и дека актуелната состојба ќе носи зачестени проблеми со анксиозност и стрес. Психолозите советуваат умереност во следење на информации врзани со ковид, повеќе физичка активност и задолжително да се најде време за опуштање со читање книга, гледање филм, работа во градината и сл.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 52 минути

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 2 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена