Вести
Коронавирус: На аеродромот во Скопје скенирање на патниците од Дубаи и Истанбул

Од денес (27 јануари) во земјава почнува примената на превентивни мерки против коронавирусот. На аеродромот во Скопје со термална камера ќе се скенираат патниците од летовите од Дубаи и Истанбул, поради директната транзитна поврзаност со областа во Кина, кадешто владее заразата.
„Станува збор за вирус кој има многу слични симптоми како грипот, може да помине со лесна и средна форма, но има и тешки форми кои предизвикаа смрт кај пациенти. Тоа се пред се`, постари пацинети со намален имунитет и со хронични заболувања. Ние ќе преземеме превентивни мерки. Патниците од летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со Кина, ќе се скенираат со термалната камера. Нашиот аеродром согласно последните евалуации, има највисоко ниво за детекција и рано препознавање, рана изолација, доколку кај евентуалните пациентите се најдат вакви симптоми. Ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Се очекува и лажно позитивни резултати, бидејќи е сезона на грипови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека во однос на пристигнување на вирусот преку робата што се увезува од Кина, епидемиолозите сметаат дека тоа практично е невозможно.
Коронавирусот однесе над 50 човечки животи во Кина, а повеќе од 2.000 луѓе се заразиле од болеста. Кинеските власти го продолжија распустот за учениците, со цел да се влијае врз намалување на ширењето вирусот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар