Поврзи се со нас

Гостивар

Короназаразата зема замав меѓу граѓаните во Гостивар, денес +10 нови случаи

Објавено

на

Состојбата со ширењето на коронавирусот на подрачјето на Гостивар се влошува. Трендот на зголемување на бројката на новозаразени граѓани, кој започна на почетокот на јули продолжува и понатаму. Неделава, од понеделник до петок, Министерството за здравство регистрираше вкупно 68 нови случаи. Истиот период оздравеле 30 пациенти, а еден починал.

Денес (сабота, 1 август), Министерството за здравство потврди 10 новозаразени и 1 оздравен.

Во дневните извештаи Гостивар постојано е меѓу првите неколку региони по новозаболени во Македонија. Според податоците од Институтот за јавно здравје, активно болни моментално има над 260. Со ова гостиварско е на трето место, по Скопје и Штип.

Со оглед дека рестриктивни мерки сега нема, дали ќе се спречи ширењето на заразата или не, пред се зависи од свеста на граѓаните, колку ќе се почитуваат мерките: носење маска, држење растојание и редовна хигиена.

Од почетокот на пандемијата во гостиварско со ковид вкупно се дијагностицирани 450 лица. Од нив 157 оздравеле. Како последица на компликација од вирусот, починале 24 граѓани.

Најголемиот број од активно болните, околу 80% се од територијата на Општина Гостивар, по која следува Врапчиште и неколку случаи во Маврово Ростуше.

МЗ соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје (47), Куманово (17), Штип (16) и Гостивар и Дебар по 10.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена