Спорт
Кошаркарите на Гостивар први полуфиналисти на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Тимот на Гостивар е првиот полуфиналист на годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако попладнево во првото четвртфинале на Ф8 турнирот во Гевгелија славеше победа над ТФТ Скопје со 72:62.
Израмнето прво полувреме го најави натпреварот како неизвесен, при што по десет минути ТФТ имаше минимална предност (18-17), а на паузата замина со водство од 33-32. Клучниот момент се случи во третата четвртина, кога Гостивар го засили ритамот и направи двоцифрена разлика (52-42). Иако ТФТ во последниот период се обиде да се врати и во еден момент се доближи на три поени (59-62), Гостивар не дозволи пресврт и го осигура триумфот.
Грушановиќ и Комагум со по 15 поени беа најистакнати поединци во победничкиот тим, додека кај скопјани најдобар стрелец беше Дарин Говенс со 19 поени.
Претстојните четвртфинални дуели ќе го дадат комплетниот список на полуфиналисти, а денес ќе се одиграат уште три натпревари:
Пелистер – Чаир (15:30)
Куманово – Кожув (18:00)
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (20:30)
МЗТ Скопје Аеродром ја брани титулата освоена минатата година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар