Вести Гостивар
Кошаркарките ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2021

Македонските кошаркарска репрезентација ги доби противниците за завршните квалификации за ЕП 2021.
Ждрепката не беше најповолна за нашите кошаркари. Селекциите на Италија, Естонија и на Русија се на патот на нашите сениори кон пласман на уште еден континентален собир. Денеска во Минхен беа извлечени евроквалификациските групи за Евробаскет 2021, а нашата репрезентација е дел од групата Б.
Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година. Осум групи се составени од по четири тимови.
Системот налага да секоја репрезентација одигра натпревар против сите противници во групата, на домашен и на гостински терен. Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.
Распоред на натпревари:
20/21.02.2020
Македонија – Естонија
23/24.02.2020
Русија – Македонија
26/27.11.2020
Италија – Македонија
29/30.11.2020
Естонија – Македонија
18/19.02.2021
Македонија – Русија
21/22.02.2021
Македонија – Италија
Ова се и останатите групи кои се формираа денеска во Минхен:
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 (МАЖИ)
ГРУПА А: Шпанија, Полска, Израел, Слв/Кип/
ГРУПА Б: Италија, Русија, Македонија, Естонија
ГРУПА Ц: Литванија, Чешка, Белгија, Алб/Блр/Дан
ГРУПА Д: Хрватска, Турција, Холандија, Шведска
ГРУПА Е: Србија, Финска, Грузија, Шва/Пор/Исл
ГРУПА Ф: Словенија, Украина, Унгарија, Австрија.
ГРУПА Г: Франција, Германија, Црна Гора, Кос/В.Б/Лук
ГРУПА Х: Грција, Летонија, БиХ, Бугарија.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја