Вести
Косовската влада издвои по 100 евра за вработените, пензионерите и студентите

Косовскиот премиер, Албин Курти ги претстави денеска новите мерки за поддршка на пензионерите, вработените во приватниот и јавниот сектор и студентите со по 100 евра за април, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти на денешната прес-конференција, што ја одржа заедно со министерот за финансии, Хекуран Мурати, информира дека вкупната вредност на овој социјален пакет изнесува 100 милиони евра.
– За април двојно ќе ја зголемиме социјалната помош за сите семјства кои се нејзини корисници. На сите слоеви пензионерите ќе им поделиме по сто евра додатоци за април. По 100 евра ќе добијат работниците во приватниот сектор, а исто толу ќе добијат и 80-те илјади јавни службеници. Исто така сите студенти ќе добијат по 100 евра, а за ранливите слоеви издвоивме повеќе од 80 илјади евра, изјави Курти.
Со овој пакет, според косовскитот премиер, ќе бидат опфатени околу 800 илјади граѓани, или „практично секое семејство во Косово“.
Курти најави дека наскоро се очекува да се усвои нацрт-закон за укинување на данокот на платите кои се до 250 евра, како и зголемување на минималната плата.
Министерот Мурати изјави дека додатокот за пензионерите и вработените во јавниот сектор ќе биде исплатен веднаш, додека за работниците во приватниот сектор и за студентите ќе треба да се отвори процес на аплицирање, со оглед дека владата не располага со нивните банкарски сметки.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар