Гостивар
Косовскиот министер за одбрана Мехај стана почесен граѓанин на Гостивар

Со предавање на симболичниот „Клуч на градот“ денес во просториите на општината, министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај беше прогласен за почесен граѓанин на Гостивар. Признанието му го врачи градоначалникот Арбен Таравари, кој во оваа прилика истакна дека бил импресиониран од биографијата на Мехај како млад успешен човек.
„Чест и задоволство ми е во мое лично име, и во име на сите граѓани на Гостивар да му доделам Клуч на градот на човек кој е многу влијателен. Кога ја читав неговата биографија се фрапирав, млад по години, роден 1981 година, во детството отиден во Норвешка, професионалец, образовано воено лице од Кралството Норвешка, актуелен министер за одбрана на Косово. Кога даваш клуч некому значи имаш доверба во него. Освен што сме горди што овој човек станува дел од градот, на некој начин му даваме и обврска да лобира и помага за нашата општина“, изјави градоначалникот.
Гостинот се заблагодари на укажаната чест и подвлече дека му е особено драго што станува почесен граѓанин на Гостивар и на овој начин се врзува пријателски со општината.
На настанот присуствуваше и заменик министерот за одбрана на Македонија, Тирон Јајага.
Во март годинава, за почесен граѓанин беше прогласен и градоначалникот на Тирана, Ерон Велиај.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден